Diyar Güldoğan
13 Октомври 2022•Ажурирај: 14 Октомври 2022
АНКАРА (АА) – Целта на Туркије е да се запре крвопролевањето во Руско-украинската војна што е можно поскоро, и покрај препреките, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Наша цел е продолжување на постигнатиот моментум, и покрај потешкотиите на теренот, и запирање на крвопролевањето што е можно поскоро“, рече Ердоган на шестиот Самит на Конференцијата за интеракции и мерки за изградба на доверба во Азија (CICA), кој се одржува во Астана, главниот град на Казахстан.
Ердоган рече дека Туркије вложува напори задно со Обединетите нации (ОН) за да се ублажат последиците од војната која го привлече вниманието на целиот свет.
Претседателот на Туркије истакна дека Истанбулскиот договор постигнат во јули и размената на затворениците меѓу Русија и Украина во септември претставуваат „значајни достигнувања“ во тој поглед.
Во своето обраќање Ердоган го посочи фактот и дека Туркије ги поттикнува мултимодуларните коридори на транспорт и го поддржува заживувањето на модерниот „Пат на свилата“, кој ги соединува Азија и Европа.