Ruslan Rehimov
02 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Ерменската војска продолжува со артилериските напади врз цивилните населени места во Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
„Населените места Хиндиристан, Алибејли, Ахмедагали и Сеферли околу градот Агдам се изложени на тешки напади од страна на непријателот. Има жртви и повредени меѓу цивилното население“, се наведува во соопштението.
Се истакнува дека и од ерменскиот град Горус биле лансирани ракети кон териториите на Азербејџан.
Во соопштението се нагласува дека азербејџанската војска ќе возврати на нападите.