Ruslan Rehimov
04 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека војниците на ерменската Армија отвориле оган врз азербејџанските позиции на границата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека во ноќните часови позициите во правец на населбата Демирџидам во покраината Келбеџар биле под силен оган од ерменските позиции кои се наоѓале во населбата Заркент во покраината Басаргечер.
Се наведува дека азербејџанските војници возвратиле на огнот.
Се додава е дека ситуацијата во регионот е стабилна и дека оперативните услови се под целосна контрола на војниците на Азербејџан.