Fatjon Prronı
15 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз ги негираше наводите на сирискиот режим за влезот на турски војници на територијата на Сирија и порача дека Република Турција нема такви намери, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера функционери на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, рекоа дека над 100 турски војници ја поминале границата и влегле во северниот дел на Сирија, а сириското Министерство за надворешни работи во врска со тоа испратило и протесна нота на адреса на Советот за безбедност на Обединетите нации.
„Тоа не е вистина. Ние немаме такви намери”, рече Јилмаз во текот на синоќешното обраќање на пратениците во турскиот парламент.
Тензиите на турско-сириската граница во изминативе неколку дена трае и во пораст е прекуграничната размена на огнот помеѓу турските безбедносни сили и силите на терористичката организација ПЈД, огранок на терристичката организација ПКК во Сирија.
Министерот Јилмаз рече дека терористите на ПЈД и вчера со проектил погодиле пошта во турскиот пограничен град Килис, а турските сили за безбедност одговараат на артелириските удари на позициите на терористите во сирискиот пограничен појас северно од Алепо. Додава дека тоа е одговор на нападите на терористите ускладен со турските правила за ангажман на пограничните сили во случаи на безбедносна закана.
Осврнувајќи се и на доаѓањето на воените авиони на Саудиска Арабија во воената база Инџирлик поради учество во нападите врз позциите на терористичката организација ДАЕШ во Сирија, Јилмаз рече дека е договорено од страна на двете земји во базата да дојдат четири бомбардери од типот F-16 и да делуваат во рамките на коалицијата која ја предводат САД. Додаде дека саудиската техничка екипа веќе стигнала во базата. Вчера, саудиски функционери потврдија дека авионите се веќе стигнати во турската база и дека наскоро ќе се вклучат во антитерористичките операции.
ПЈД е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која во Турција претставува безбедносна закана уште од 1984 година.