Ruslan Rehimov
13 Мај 2023•Ажурирај: 14 Мај 2023
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека еден војник загинал од отворен оган од ерменските сили на границата, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се вели дека војникот Мухамет Гарајев од азербејџанската војска загинал во огнот што го отвориле ерменските сили.
Во друго соопштение на Министерството се наведува дека е неутрализирано беспилотно летало камиказа на ерменските сили.
На ерменско-азербејџанската граница веќе трет ден траат судири и тензии.
Позициите на азербејџанската војска во правец на регионот Зод беа под силен оган на ерменските сили на 10 мај, при што загина еден војник на азербејџанската армија, а друг е тешко повреден.