Ruslan Rehimov
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Ерменците одгледувале свињи во џамија во градот Зенгилан кој беше ерменска окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека азербејџанските војници во џамијата во градот Зенгилан, кој го ослободија од окупација, пронашле свињи.
Снимките се направени со мобилен телефон и на нив се забележува дека историската џамија е претворена речиси во урнатина.
- Зенгилан беше ослободен на 20 октомври -
Азербејџанската војска на 20 октомври го ослободи од окупација центарот на градот Зенгилан кој 27 години беше под ерменска окупација.
„Многу корисници на интернет вчера ги видоа снимките од џамијата во градот Зенгилан која беше претворена во урнатина. Во таа џамија се одгледувале свињи. Тие ги навредија нашите џамии“, рече претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.