Şerife Çetin
06 Јуни 2019•Ажурирај: 08 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) одобри серија прописи за зголемување на безбедноста на личните карти, меѓу кои се наоѓа и задолжителни отпечатоци од прсти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Советот на ЕУ се вели дека е усвоена нова регулатива со која се зголемува борбата за безбедноста на личните карти, нивната кражба и фалсификување и истата треба да се применува во личните карти на сите земји членки на ЕУ.
Според новата регулатива, сите лични карти ќе бидат со иста големина и ќе може да се читаат од страна на техничките апарати. Во личните карти фотографиите и отпечатоците од прсти исто така ќе бидат задолжителни.
Личните карти ќе имаат рок на важност најмалку 5 години, а најмногу 10 години. Земјите членки, за граѓаните на возраст над 70 години ќе можат да издаваат долгорочни лични карти.
Новата регулатива ќе стапи на сила за две години.