Ekipa
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Агенцијата за азил на Европската Унија (ЕУ) објави дека бројот на луѓе што во 2017 година побарале меѓународна заштита во Европа речиси се преполовил во споредба со минатата, и дека повеќето барања биле поднесени од граѓани на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата за поддршка на азил (ЕКПА) објавија дека во 2017 година во 28 земји на ЕУ, како и во Швајцарија и Норвешка, азил побарале 706.913 лица, што е за 43 отсто помалку од минатата година.
Тие, исто така, додадоа дека ова е втора година по ред во која бројот се намалува, откако во 2015 година во Европа влегоа преку милион луѓе, главно од Сирија.
Сирија веќе петта година по ред е на врвот од листата земји со најголем број баратели на азил во Европа, со 98.000 апликации.
По неа следуваат граѓаните од Ирак, Авганистан и Нигерија, кои поднеле 40.000 барања.