Ömer Tuğrul Çam
03 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
БРИСЕЛ (АА) - Официјалните претставници на Европската Унија (ЕУ) објавија дека се во контакт со грчките власти во врска со смртта на 19 непријавени мигранти, кои починаа од смрзнување на отворено во пограничното подрачје на градот Едрене во Турција откако грчките сили ги истуркаа назад од своите граници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Анита Хипер, една од портпаролките на Европската комисија, на дневната прес-конференција, на прашање на новинарот на АА за случајот истакна дека е длабоко ожалостена поради смртта на мигрантите.
„Таквиот третман не може да се толерира никако, доколку се потврди неговата точност“, изјави Хипер.
Таа додаде дека комесарката на ЕУ за надворешни работи, Илва Јохансон, е во близок контакт со грчкиот колега.
Запрашан што значи да се биде „во близок контакт“ за тоа прашање, Хипер рече дека Јохансон, за да ја разбере целата ситуација разговарала со грчкиот министер за време на неформалниот состанок на Европскиот совет што се одржа денеска во Франција.
Телата на уште 7 нерегистрирани мигранти кои починаа од смрзнување на отворено беа пронајдени утринава во пограничниот округ Ипсала во турската област Едрене.
Тела на 12 непријавени мигранти кои починаа од смрзнување на отворено, откако грчките сили ги истуркале од нивната граница, беа пронајдени вчера и во Мандакору, Едрене.