Şerife Çetin
19 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
БРИСЕЛ
Минатата година се поднесени 612.700 барања за азил во земјите на Европската Унија (ЕУ), а најмногу азиланти прими Германија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Статистичкиот уред на Европски заедници (Евростат), по повод 20 јуни - Светскиот ден на бегалци, објави ажурирани податоци за азилантите и бројот на барања за азил поднесени минатата година за земјите на ЕУ.
Податоците покажуваат дека 612.700 лица од 152 земји поднеле барања за азил во земјите членки на ЕУ, а најмногу барања поднеле лица со потекло од Сирија (74.400), Авганистан (52.500) и Венецуела (44.800).
Најмногу азиланти прифати Германија (142.500), а следуваат Франција (119.900) и Шпанија (115.200).
Седум отсто од подносителите на барања за азил се деца без придружба. Кога станува збор за возрасни, мажите сочинуваат 62 отсто од подносителите, а жените, 38 отсто.