Ekipa
28 Февруари 2023•Ажурирај: 01 Март 2023
БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) денес го осуди „смртоносниот циклус на насилство“ на окупираните палестински територии, јавува Анадолу.
„Европската Унија е загрижена поради континуираното спирално насилство на окупираните палестински територии“, истакна Петер Стано, портпаролот на дипломатската служба на ЕУ.
„ЕУ ги осудува терористичките напади на Западниот Брег во неделата и понеделникот, во кои трojца Израелци ги загубија животите, како и избувнувањето на насилството на доселениците, што резултираше со убиство на еден Палестинец, и неколку стотици повредени Палестинци и предизвикување неприфатливо уништување на палестинскиот имот“, се вели во соопштението.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, разговараше со израелските и палестинските власти до кои упати барање „да се стави крај на овој смртоносен циклус на насилство, да се спречи понатамошна загуба на животи, да се земе одговорност и да се изведат сторителите пред лицето на правдата“.
Во соопштението, исто така, се поздравува улогата на Египет, Јордан и САД во „олеснувањето на преговорите и беа повикани двете страни да ги имплементираат преземените обврски.
Насилството ескалира низ окупираните територии во последните недели поради повторните рации и упади на израелската војска во палестинските градови.
Според палестинските податоци, најмалку 62 Палестинци загинаа од израелски оган од почетокот на годината. Во истиот период, во нападите на Палестинците загинаа и 12 Израелци.