Büşra Nur Bilgiç Çakmak
16 Јануари 2020•Ажурирај: 17 Јануари 2020
БРИСЕЛ (AA) – Раководството на Европската унија (ЕУ) внимателно ја следи ситуацијата поврзана за упадот на египетската полиција во канцеларијата на Агенција Анадолија во Каиро и приведувањето на четворица вработени.
„ЕУ ја нагласува важноста која ја придава на слободата на медиумите и разноличното медиумско опкружување со професионални новинари кои можат непречено да работат во целиот свет", рече за АА Петер Стано, гласноговорикот на Европската комисија.
Египетската полиција на 14 јануари изврши упад во канцеларијата на АА во Каиро, ги приведе и ги однесе во непознат правец четворицата вработени, вклучувајќи и еден државјанин на Турција.
Полицијата при упадот во канцеларијата на АА ги исклучила безбедносните камери и ги прекина интернет врските. Полицајците до наутро вршеле претрес во канцеларијата, а од вработените ги земале пасошите, телефоните и компјутерите и не им дозволувале да контактираат никого надвор од канцеларијата.
Египетските институции до сега не образложија поради што се приведени новинарите и каде се однесени.
Властите на Турција најостро го осудија овој чин на египетската полиција и бараат итно ослободување на приведените.