Ata Ufuk Şeker
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) на црната листа стави 21 руска авиокомпанија со образложение дека не ги исполнуваат меѓународните стандарди за безбедност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европската комисија соопшти дека е ажурирана Листата на ЕУ за воздушна безбедност што ги вклучува авиокомпаниите против кои се применуваат ограничувања или забрана за оперирање во Европа.
Во соопштението се наведува дека во оваа листа се вклучени 21 авиокомпанија кои се сертифицирани во Русија.
Со последното ажурирање, 117 авиокомпании имаат забрана за лет во воздушниот простор на ЕУ.
Еврокомесарката за транспорт, Адина Ваљан, во врска со ова прашање истакна: „Сакам јасно да нагласам дека оваа одлука не е друга санкција против Русија. Одлуката е донесена само поради технички и безбедносни образложенија. Безбедноста не ја мешаме со политиката.“