Dursun Aydemir
20 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
БРИСЕЛ
Во Брисел, главниот град на Белгија, патиштата и улиците денес беа затворени за моторни возила, јавува Агенција Анадолија (АА).
Настанот „Ден без автомобили“ во Белгија се одржува секоја година на третата недела од септември.
Моторните возила денес во Брисел од 9:30 до 19:00 часот не возат по улиците. Дозвола за возење низ улиците имаат само возилата на јавниот превоз и возилата што имаат потреба во исклучителни ситуации. Брзината на движење во градот е ограничена на 30 километри на час.
Жителите на градот денес имаа можност да шетаат низ улиците на градот со своите велосипеди или пешки.
По повод овој настан, во градот се одржуваат и различни активности.
Во рамките на границите на Општина Брисел се организираа екскурзии, игри, спорт, музика, изложби и уметнички настани.
Јавното сообраќајно претпријатие во Брисел (STIB), исто така, нуди бесплатна услуга во времето кога возилата се надвор од патиштата.