Haydar Şahin
18 Април 2023•Ажурирај: 19 Април 2023
ТЕХЕРАН (АА) - Најмалку 1.168 луѓе загинаа во сообраќајните несреќи на меѓународните патишта во текот на 19-дневниот период на празникот Невруз во Иран, известува Анадолу.
Абас Масџид Арани, претседател на Иранскиот институт за судска медицина, информираше дека 1.168 лица загинале во сообраќајни несреќи во текот на периодот на Невруз, кој се слави од 15 март до 3 април.
Наведувајќи дека оваа бројка е зголемена за 83 лица во однос на минатата година, Арани напомена дека најголем број загинати во сообраќајни несреќи имало во провинциите Фарс, Систан-Балуџистан, Кирман, Техеран, Хорасан, Исфахан, Хузистан, Источен Азербејџан, Гилан и Мазендеран.
Минатата година околу 18.000 лица загинаа во Иран, една од земјите со најголем број настрадани во сообраќајни несреќи во светот.