Riyaz Khaliq Khaliq
18 Април 2023•Ажурирај: 19 Април 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 11 лица загинаа во пожар во фабрика во Кина, соопштија властите, пренесува Анадолу.
Инцидентот се случил во источната провинција Жеџијанг вчера, кога работниците останале заробени на третиот кат од фабрика за дрвени врати, објави новинската страница „Каиксин глобал“ со седиште во Пекинг.
Пожарот вчера попладне зафатил фабрика во индустрискиот парк Фенгхуангшан во округот Вуји, соопшти локалната власт.
Пожарникарите до утринава пронајдоа 11 тела.