Esra Kaymak
18 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - САД критикувани поради нивните забелешки во врска со улогата на Турција во поддршката на офанзивата за ослободување на ирачкиот град Мосул од ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од кога тоа е ставот на САД, дека секоја странска воена акција во Ирак мора да има дозвола од ирачката Влада?“, беше запрашан портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, за време на прес-конференцијатa.
Прашањето се однесуваше на воените активности на САД во Ирак во 2003 година.
„Вие избравте дека странските војски не можат да дејствуваат, освен ако тие имаат изразена согласност од Владата на земјата“, додаде новинарот кој го постави иницијалното прашање.
Во 2003 година, САД навлегоа во Ирак со над 100.000 војници за соборување на Садам Хусеин. Во моментов, САД учествуваат во операцијата за ирачкиот град Мосул, предводена од ирачката војска, преку давање обука, совети и помош во однос на капацитетот.
Според Тонер, ирачкиот режим и збирот на околности биле различни во 2003 година и биле „во непосреден интерес за националната безбедност на САД“. Тој додаде дека ситуацијата тогаш и сега не ги има истите стандарди.
Тонер беше запрашан дали е запознаен со тоа дека ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади лично побара од Турција помош откако ДЕАШ ја презеде контролата врз Мосул, во 2014 година, а тој одговори дека нема да навлегува во она што поминало.
Портпаролот Тонер исто така додаде дека САД не играле никаква улога за тајмингот на операцијата за Мосул да започне на полноќ во неделата.
Во долгогодишниот турски камп за обука во Башика, лоциран на 12 километри североисточно од Мосул, се вршеше обука на единиците пешмерга и др.
Во декември минатата година, Турција испрати 150 војници и околу дваесетина борбени тенкови.
Анкара и Багдад неодамна имаа несогласувања во однос на присуството на турските војници во кампот кај Башика.
САД велат дека сите воени операции во Ирак треба да се одвиваат со согласност со ирачката Влада.
Претходно во понеделникот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Турција нема само да учествува во операцијата за Мосул, туку ќе биде и на преговарачката маса.
Тој исто така ја повика ирачката Влада и Турција да постигнат консензус за улогата на Турција во поддршката на операцијата за Мосул.