Emre Karaca
19 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Властите на Република Турција и Соединетите Американски Држави (САД) во заедничка изјава порачаа дека двете земји се одлучни заедно да работат и да имаат блиска соработка во соочувањето со актуелните геополитички предизвици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заедничката изјава е објавена по средбата на турскиот и американскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и Ентони Блинкен, во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.
Во соопштението се наведува дека Чавушоглу и Блинкен се сретнале во рамките на Турско-американскиот стратешки механизам за да ја потврдат силната соработка меѓу двата сојузници и партнерите во НАТО.
„Турција и САД се решени да работат заедно и да имаат блиска соработка во соочувањето со моменталните геополитички предизвици. Министрите Чавушоглу и Блинкен имаат за цел развој на билатералната соработка преку отворен и конструктивен дијалог, како што е и предвидено со Стратешкиот механизам“, се наведува во соопштението.
На состанокот на двајцата министри разговарано е и за методите и конкретните чекори за зголемување на соработката и зајакнување на врските во областите на одбраната, борбата против тероризмот, енергетиката и прехранбената безбедност и борбата против климатските промени.
„Министрите, исто така, повторно ја потврдија својата силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина наспроти неприфатливата војна на Русија. Во тој контекст, Турција и САД ја повторија својата поддршка за изнаоѓање решение за ставање крај на војната“, се додава во соопштението.