Aşkın Kıyağan
09 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
ВИЕНА (АА) - Непознати извршители доставиja писмо до џамијата во австрискиот град Линц, во кое се наведува дека секоја недела по една џамија во земјата ќе лета во воздух, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Исламската заедница во Горна Австрија, Мурат Басер, за АА рече дека во Исламскиот центар во Линц пристигна писмо со навредливи и заканувачки содржини.
„Постои закана дека секоја недела по една џамија во Австрија ќе биде дигната во воздух. За случајот ги известивме безбедносните власти и надлежниот оддел за заштита на уставниот поредок, а борбата против тероризмот започна истрага“, рече Басер.
Истакнувајќи дека австриската полиција внимателно му пристапува на случајот, Бесар рече дека полицијата спроведе прелиминарна анализа на писмото и заклучи дека авторот на опасното писмо е најверојатно лице постаро од 50 години и поддржувач на нацистичките идеи.
Басер рече дека за случајот бил известен и турскиот конзул Беркан Пазарчи и дека тој го следи случајот.
„Ние нема лесно да ги сфатиме заканите. Веќе стапивме во контакт и ги предупредивме челниците на 45-те џамии во Горна Австрија“, рече Басер, и додаде дека австриските медиуми и политичари мораат и со овој пример да сфатат како исламофобиските пораки и реторика на омраза можат да имаат опасни последици во општеството.