Eshat Fırat
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
КУДС (АА) - Израелските војници на окупираниот Западниот Брег приведоа уште 17 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на израелската војска, во текот на ноќта, на неколку локации на Западниот Брег извршени се рации во кои се приведени Палестинците под изговор дека учествувале во терористички активности.
Израелските сили често вршат рации на Западниот Брег и во Источен Кудс, и под разни обвиненија приведуваат Палестинци.
Според соопштеното, во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, од кои се 300 деца.