Emre Gürkan Abay
30 Мај 2022•Ажурирај: 31 Мај 2022
МОСКВА (АА) – Таканаречената проруска администрација во Херсон, Украина, соопшти дека започнала со извоз на жито во Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кирил Стремоусов, претставникот на таканаречената управа во Херсон, кој е под контрола на руската армија, за агенцијата „TASS“ нагласи дека започнала зимската жетва во регионот.
Стремоусов наведувајќи дека во градот има значително количество жито рече: „Имаме каде да го складираме жито, но има големо количество на жито. Луѓето сега почнуваат да го извезуваат житото на купувачите од Русија.“
Тој исто така додаде дека работат и на снабдување со семки од сончоглед од регионот до преработувачките капацитети во Русија.
Западните и руските власти предупредуваат на глобалната криза со храна поради војната во Украина.
Русија и Украина, еден од најголемите светски извозници на жито, имаа удел од приближно 30 отсто во светскиот извоз на пченица минатата година.
Рускиот претседател Владимир Путин подвлече дека Русија е подготвена за непречен извоз на жито, вклучително и извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море, но за тоа е потребно укинување на санкциите кон Русија.