Zafer Fatih Beyaz
17 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека започнал техничкиот состанок на воените делегации на Турција и Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека состанокот се одржува во седиштето на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) и дека на него ќе се разговара за можните начини на разграничување.
Одржувањето на технички состаноци на турските и грчките воени делегации е договорено по неодамнешниот разговор на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Првиот таков технички состанок на турските и грчките воени делегации е одржан на 10 септември, исто така во седиштето на НАТО.