Zafer Fatih Beyaz
17 Септември 2020•Ажурирај: 17 Септември 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа 11 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои отвориле оган за провокација и се обиделе да се инфилтрираат во зоните во Сирија каде што беа реализирани операциите „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Според ова соопштение, 11 терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле оган за провокација и се обиделе да се инфилтрираат во зоните каде што беа реализирани операциите „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“, со цел да го нарушат мирот и безбедноста во ова место, се неутрализирани како резултат на интервенцијата на командосите.