Zuhal Demirci
09 Јануари 2021•Ажурирај: 10 Јануари 2021
АНКАРА
Започнува пријавувањето за програмата за студентски стипендии „Türkiye Bursları“, што секоја година ја спроведува Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB), во чии рамки на меѓународните студенти им се овозможува можност за студирање во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB), пријавувањето за студентските стипендии од оваа програма ќе траат до 20 февруари, а за оваа програма ќе може да се пријават студентите на додипломски и постдипломски студии, како и студентите од трет циклус, односно докторски студии.
Студентите од стотици земји во светот, на кои им се отвораат вратите на најпрестижните универзитети во Турција, за оваа програма ќе можат да се пријават преку интернет-страницата „www.turkiyeburslari.gov.tr“.
Програмата вклучува распоредување по универзитети, стипендии, трошоци, сместување, здравствено осигурување, бесплатни стручни и академски програми, како и повратни авионски карти.
Во 2020 година се добиени 156.000 пријавувања од 172 земји, со што Турција стана атрактивна дестинација за странските студенти.
Оваа програма има за цел да формира мрежа со лидерите на иднината, кои се посветени на зајакнување на заедничкото разбирање меѓу народите и зајакнување на соработката меѓу земјите.