Alaattin Doğru
04 Јуни 2021•Ажурирај: 05 Јуни 2021
ПАРИЗ
Кампот во кој се наоѓаат нерегуларни мигранти во градот Кале, на северот на Франција, утрово полицијата го затвори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, на својот профил на социјалните мрежи, споделувајќи го соопштението на Гувернерството Па-де-Кале, рече дека нелегалниот камп во Кале е евакуиран со судска одлука и инструкции.
Во соопштението на Гувернерството се истакнува дека стотици мигранти, вклучително и околу 30 деца, полицијата ги отстрани од хангарите кои се сместени во една област на патот Сен-Омер Кале.
Меѓу другото, се наведува дека мигрантите што живеат во хангарот претставуваат закана за јавното здравје, го нарушуваат јавниот ред и мир и дека околу 50 семејства кои живеат во околината се жалат на кампот.
Француските медиуми соопштија дека два дена имало судир помеѓу полицијата која се обидувала да ги растера кампот и жителите на кампот.
Во градот Кале, кој се наоѓа на границата помеѓу Белгија и Франција, има многу бегалци кои се обидуваат да го преминат Ламанш за да стигнат до Велика Британија.
Бегалскиот камп во Кале, наречен „Џунгла“, беше урнат од француската полиција во 2016 година.