Associated Press
03 Април 2023•Ажурирај: 04 Април 2023
ВАРШАВА (АА) - Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, оваа недела ќе престојува во официјална посета на Варшава, при што ќе разговара со полските претставници и граѓани, пренесува Анадолу.
Посетата е закажана за в среда, а ќе започне со официјална средба меѓу Зеленски и неговиот полски колега, претседателот Анджеј Дуда, по што е предвидена средба со граѓаните, соопштија од Кабинетот на претседателот на Полска.
Од Кабинетот на претседателот на Полска за радио „RMF FM“ е потврдено дека Зеленски ќе се сретне со Украинците и Полјаците во Кралската палата во Варшава и дека ќе им се заблагодари на соседите што му помагаат на неговиот народ.
Полска, членка на НАТО и на Европската Унија, беше првата станица за многу украински бегалци кои избегаа од војната. Повеќе од 1,5 милиони од нив сè уште живеат во Полска.