Riyaz Khaliq Khaliq
03 Април 2023•Ажурирај: 04 Април 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - На првиот ден од својот годишен деловен календар, Јапонија забележа прекин во интернет и фиксните телефонски услуги, објави провајдерот „Nippon Telegraph and Telephone Corp.“, (NTT), пренесува Анадолу.
Во соопштението на провајдерот се вели дека интернет и фиксните телефонски услуги биле во прекини денес низ Јапонија.
Во ова соопштение се нагласува дека телефонската и интернет-комуникацијата е прекината поради дефект на комуникациската опрема.
Фискалната година во Јапонија започнува на 1 април секоја година.
„Имаше ситуација кога услугата не можеше да се користи, но сега таа е обновена и може да се користи“, се вели во соопштението на НТТ.
„Ќе продолжиме да го следиме статусот на комуникациската услуга“, се додава во соопштението.