Nazir Aliyev Tayfur
28 Септември 2022•Ажурирај: 28 Септември 2022
КИЕВ (АА) ‒ Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во врска со спроведените референдуми во самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск во Украина кои се под контрола на проруските сепаратисти и со регионите Херсон и Запорожје заземени од страна на Руската армија, изјави: „Оваа глупост на окупираните територии не може да се нарече ниту имитација на референдум“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи дека кое било кривично дело на Русија нема да промени ништо за Украина, претседателот Зеленски истакна: „Оваа глупост на окупираните територии не може да се нарече ниту имитација на референдум.“
Посочувајќи дека ја признаваат повелбата на Обединетите нации и основните принципи за соживот на народите, Зеленски рече дека ќе продолжат да дејствуваат за да го заштитат нормалниот живот во Украина, Европа и во светот, и додаде: „Ќе преминеме во акција за да го заштитиме нашиот народ во подрачјата Херсон и Запорожје, во моментално окупираниот Донбас и регион на Харков, како и на Крим.“