Enes Canlı
28 Септември 2022•Ажурирај: 29 Септември 2022
ЕРУСАЛИМ
Четворица Палестинци ги загубија животите, а 44 се ранети во нападот на израелските војници врз бегалскиот камп „Џенин“ во северниот дел на окупираниот Западен Брег, известува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го објави палестинското Министерство за здравство се наведува дека израелски војници убиле четворица Палестинци во „Џенин“. Палестинското Министерство ги објави имињата на Палестинците кои загинаа во израелската рација. Во израелскиот напад животот го загубија Абдулфети Хазим, Мухамед Махмуд Елвене и Ахмед Назми Алавене.
Во соопштува дека 44 Палестинци биле повредени од вистински куршуми што ги испукале израелските војници. Меѓу ранетите има лица кои се во тешка здравствена состојба.
Во соопштението што го објави Израелската армија се наведува дека нејзините војници во „Џенин“ „опколиле една куќа за време на операцијата за приведување на двајца осомничени терористи“. Во соопштението се додава дека „вооружени лица во куќата почнале да пукаат и активирале рачно изработен експлозив“. Израелската армија во соопштението информира дека војниците возвратиле на упатените истрели и ги убиле вооружените лица.


Во соопштението се тврди дека лицата кои се криеле во куќата претходно извршиле напади против Израелската армија и се подготвувале за нова акција. Се дознава дека еден од убиените, Абдулфети Хазим, е брат на Раид Хазим, кој го изврши вооружениот напад во Тел Авив во април.
Израелските сили, кои често спроведуваат рации на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим, приведуваат Палестинци под различни обвиненија.
Тоа се причини поради кои доаѓа до инциденти меѓу израелските војници и палестинското население, кое реагира на рациите на Израелската армија.
Бегалскиот камп „Џенин“, сместен во северниот дел на Западниот Брег, во кој се концентрирани палестинските вооружени групи на отпорот, повремено е сцена на вооружени судири во текот на рациите што ги спроведуваат израелските војници.