Ahmet Furkan Mercan
01 Мај 2023•Ажурирај: 03 Мај 2023
ТОКИО (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтер го потресе подрачјето во близина на брегот на префектурата Окинава, во југозападниот дел на Јапонија, известува Анадолу.
Земјотресот со магнитуда од 5,4 степени го потресе источниот дел на островската префектура Окинава, објави јапонската метеоролошка агенција.
По земјотресот, кој се случи во 16:59 часот по локално време, на длабочина од 10 километри, во регионот не е дадено предупредување за цунами.
Земјотресот се почувствувал и во градовите Наго, Урума и Нанџо на Окинава, како и во соседната префектура Кагошима.