Şeyma Uzundere
02 Јули 2023•Ажурирај: 03 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со интензитет од 6,9 степени по Рихтер денес ја потресе островската држава Тонга, сместена во Океанија, известува Анадолу.
Американскиот завод за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран 132 километри северозападно од градот Неиафу, на длабочина од 225 километри.
Надлежните служби не дадоа предупредување за можно цунами.
Уште не се објавени детали за последиците од земјотресот, што беше почувствуван во повеќе градови на Кралството Тонга.