Emre Başaran
02 Јули 2023•Ажурирај: 04 Јули 2023
НАЈРОБИ (АА) - Во сообраќајната несреќа во западниот дел на Кенија, до која дојде откако возач на камион ја загуби контролата над возилото и удрил во штандовите покрај автопатот, се зголеми на 52, потврдија во саботата вечерта кениските власти, пренесува Анадолу.
Несреќата се случила кога возачот на камионот ја загубил контролата и удрил во штандовите поставени на прометниот пазар во областа Лондиани.
Началникот на регионалната полиција Том Одера го потврди бројот на смртни случаи и изрази загриженост од можноста за зголемување на бројката на загинати.
Одера истакна дека спасувачките екипи се соочуваат со предизвик во обид да дојдат до телата на настраданите кои се заробени под приколката на камионот.
Сообраќајните несреќи се честа појава на улиците и автопатиштата на Кенија и главно резултираат со смртни последици.
Штандовите покрај главните автопатишта во Кенија се вообичаена глетка. Продавачите обично подигаат импровизирани штандови на кои ја излагаат својата стока.