Emre Başaran
24 Март 2024•Ажурирај: 25 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денес ја потресе Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки завод, известува Анадолу.
Епицентарот на земјотресот бил 23 километри североисточно од градот Амбунти, а сеизмичката активност и понатака е висока во регионот со низа последователни земјотреси во соседна Индонезија и на Соломонските острови.
Околу 20 минути по првиот, следеа неколку последователни земјотреси со интензитет од над 5 степени.
Индонезискиот Горонтало го потресе земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала еден час подоцна, а местото Гизо на Соломонските острови и индонезискиот Енде го потресоа земјотреси со интензитет од 5,1 и 5,7 степени.
Во земјотресите кои се случија на длабочина од околу 64 километри, според првичните податоци, нема човечки жртви, ниту е причинета материјална штета.
Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во пацифичкиот „огнен прстен“ во кој се случуваат поголемиот број големи земјотреси и вулкански активности.
Оваа земја во септември 2022 година ја потресе земјотресот со интензитет од 7,6 степени во кој загинаа 21 лице.