Recep Şakar
22 Септември 2021•Ажурирај: 22 Септември 2021
МЕЛБУРН (АА) - Земјотрес со магнитуда од 6 степени денес ја погоди австралиската сојузна држава Викторија, при што оштетени се одредени објекти во главниот град Мелбурн, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Засега не е издадено предупредување за цунами“, се вели во соопштението на владината агенција „Геосајнс Австралија“.
Според наводите, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри во близина на градот Менсфилд, на околу 200 километри североисточно од Мелбурн.
Агенцијата, исто така, објави дека подоцна бил регистриран последователен потрес со јачина од 4 степени.
Иако засега нема информации за жртви, земјотресот беше почувствуван далеку до државите Нов Јужен Велс и Јужна Австралија.