Sinan Doğan
17 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
БОГОТА
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди јужноамериканската земја, Перу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Националниот центар за сеизмологија при Институтот за геофизика на Перу (IGP), епицентарот на земјотресот бил 28 километри југоисточно од градот Arequipa кој се наоѓа во јужниот дел на земјата.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 5,5 степени се случил на длабочина од 93 километри.
По земјотресот не е даден аларм за цунами, додека досега не се пријавени жртви или материјална штета.
Инаку, во земјотресот со јачина од 7,9 степени кој се случи на 15 август во 2007 година во Перу загинаа 595 лица.