Büşra Selvi Öğütcen
08 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Земјотрес со јачина од осум степени според Рихтер утринава го потресе Мексико, по што во регионот беше издадено предупредување за цунами, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Американскиот геолошки завод (USGS) потврдено е дека епицентарот на земјотресот е регистриран во морето, 123 километри југозападно од јужниот мексикански град Пихихјапан. Земјотресот е забележан на длабочина од 33 километри.
Американскиот пацифички центар за предупредување од цунами објави дека цунамито може да се очекува во регионот на Мексико, Хондурас, Еквадор, Гватемала и Никарагва.
Утринава земјотресот беше почуствуван и во главниот град Мексико Сити, што предизвика паника меѓу граѓаните. Многумина од нив како исплашени од земјотресот ги напуштија своите домови.
Сѐ уште не е објавено дали во земјотресот има загинати или повредени.