Vesna Besiç
26 Декември 2015•Ажурирај: 27 Декември 2015
СУМАТРА (АА) - Членовите на семејствата и пријателите по повод 11-годишнината од бранот на цунамито предизвикан од земјотресот со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала, недалеку од индионезискиот остров Суматра, се потсетија на загинатите од 26 декември 2004 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во налет на плимниот бран на цунамито предизвикано од земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала, недалеку од индионезискиот остров Суматра, настрадаа над 250.000 луѓе.
Ова цунами го разори брегот нанесувајќи огромна штета на потегот од Индонезија па сè до Сомалија во Африка, што претставува една од најсмртоносните природни катастрофи во современата историја.
Индонежаните го посетија местото кое претставува заедничка гробница на загинатите каде се помолија за душите на настраданите.