Ayşe İrem Tiryaki
28 Март 2025•Ажурирај: 28 Март 2025
Два земјотреса со интензитет од 7,7 и 6,4 степени се случија во близина на регионот Сагаинг во централниот дел на Мјанмар, известува Анадолу.
Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS), два последователни земјотреса со интензитет од 7,7 и 6,4 степени се регистрирани приближно 16 километри северозападно од местото Сагаинг, северно од главниот град Непидо.
Земјотресите биле на длабочина од приближно 10 километри.
Животот го загубија најмалку 15 лица, меѓу кои има и децa, при уривање на џамија и манастирот Ваилувун во Мјанмар.
- Земјотресот се почувствувал и на Тајланд
Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го потресе Мјанмар беше почувствуван и во Бангкок, главниот град на Тајланд.
Земјотресот што се случи околу 13:30 часот по локално време силно се почувствувал во високите згради во главниот град, а голем број од нив беа евакуирани.
Системи за тревога беа активирани во градското подрачје на Бангкок, каде што живеат повеќе од 17 милиони луѓе, а граѓаните од апартманите и хотелите беа евакуирани со помош на скали.