Recep Şakar
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
МЕЛБУРН
Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн соопшти дека општите избори кои беа планирани за 19 септември се одложени за 17 октомври поради пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерката Ардерн на прес-конференцијата одржана во парламентот на Нов Зеланд во главниот град Велингтон истакна дека воведените ограничувања поради пандемијата на коронавирусот ќе влијаат на изборните кампањи и поради тоа, проценувајќи ги барањата на опозициските партии, донесена е одлука изборите да бидат одложени за 4 недели.
Доколку пандемијата на коронавирусот продолжи, Ардерн рече дека изборите ќе бидат одржани на 17 октомври без да се прави ново одложување и истакна: „Според мое мислење, ќе се држиме до утврдениот датум“.
Ардерн рече дека при одложувањето на датумот на изборите биле земени во предвид гледиштата на лидерите на сите партии, наведувајќи дека генерален став на сите е потребата од одложување на изборите и додаде „Сакам да обезбедан избори кои ќе бидат праведни и добро раководени“.
- Позитивна реакција од опозицијата на одлуката за одложување
Џудит Колинс, лидерката на Националната партија, главната опозициска партија во земјата за донесената одлука изјави „Го прифаќаме новиот датум“.
Давид Сејмур, лидерот на партијата АКТ Нов Зеланд рече дека со задоволство ја примил веста за одложување на изборите бидејќи ограничувањата воведени поради пандемијата го принудиле да одложи голем број состаноци. „Со цел спроведување на слободни и фер избори, потребно е гласачите лично, меѓу народот да имаат можност да ги чујат кандидатите, а тоа не беше можно во Оукленд, бидејќи неговите жители не можат да излезат од своите домови“, истакна Сејмур.
- Последните 24 часа на Нов Зеланд детектирани 9 нови случаи на заразување
Д-р Ешли Блумфилд, генералниот директор за национално здравство на Нов Зеланд изјави дека по спроведеното тестирање на повеќе од 26.000 лица, новиот тип на коронавирус е детектиран кај 9 лица.
Д-р Блумфилд информираше дека заедно со новодетектираните лица позитивни на Ковид-19, вкупниот број на лица заразени со коронавирусот е зголемен на 78, од кои 5-мина се наоѓаат на болничко лекување, додека останатите заразени се наоѓаат во карантин, сместени во хотели.
По период од 102 дена, на 11 август за првпат од внатрешни извори беа детектирани новозаразени лица, поради што во Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд превентивните мерки против Ковид-19 се ставени на 3 ниво, додека во останатиот дел од земјата, на 2 ниво. Ваквата состојба ќе трае до 26 август.
Од 1.631 лице кои биле заразени со коронавирусот, 1.531 оздравеле, додека 22 лица ги загубија животите.