Ali Cura
17 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
МИНСК (АА) - Протестите во Белорусија продолжуваат и по претседателските избори на кои победи Александар Лукашенко, додека според извори од опозицијата на демонстрациите во белорускиот главен град Минск учествувале 200.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите се собраа на плоштадот „Стела“ во Минск извикувајќи пароли „Лукашенко, оди си!“, а потоа маршираа кон плоштадот „Независност“, каде што се наоѓа и владината зграда.
По протестот одржан на плоштадот, демонстрантите се распоредија низ улиците на Минск и продолжија со протестот извикувајќи различни пароли.
Демонстрантите добија поддршка и од возачите на автомобилите во градот, кои дадоа поддршка со сирените.
За време на демонстрациите немаше полциска интервенција и протестот заврши без инциденти.
Според извори од опозицијата, на протестот против Лукашенко учествувале околу 200.000 луѓе.
Протести против Лукашенко се одржаа и на плоштадите во други градови низ земјата.
Протестите започнаа минатата недела откако беше соопштено дека Лукашенко е победник на претседателските избори во Белорусија.