Derya Gülnaz Özcan
18 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
АТИНА (АА) ‒ Избувна пожар на траект кој се движеше од грчкото пристаниште Игуменица кон италијанското пристаниште Бриндизи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на грчката државна агенција АМНА (AMNA), 242 лица од бродот, од кој 51 член на екипажот и 237 патници, однесени се на островот Крф во Грција со чамци на единиците на крајбрежната стража.
На еден од патниците поради респираторни проблеми му била укажана помош во болницата во Крф.