Ahmet Furkan Mercan
18 Февруари 2022•Ажурирај: 20 Февруари 2022
ТОКИО
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени се случи на отворено море кај североисточната префектура на Јапонија, Мијаги, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата со соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Се истакнува дека земјотресот со интензитет од 5,2 степени е почувствуван во 11:55 часот по локално време на отворено море кај префектурата Мијаги.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 50 километри.
По земјотресот, властите не дадоа предупредување за цунами.