Ekipa
10 Август 2022•Ажурирај: 12 Август 2022
КУДС (АА) - Израелските власти изразија загриженост за руско-иранската вселенска соработка, еден ден откако Русија лансира ирански сателит, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Ерусалим пост“ цитира израелски официјален претставник дека сателитот „ќе ја зголеми способноста на Иран за потенцијално лансирање интерконтинентални балистички ракети“.
Тој предупреди дека таквата руско-иранска соработка може да ја намали способноста на израелските „шпиони“ да навлезат на границата на Иран за да „го запрат неговиот нуклеарен напредок“.
Руската вселенска агенција вчера објави дека го лансирала иранскиот сателит „Кајам“ од космодромот „Бајконур“ во Казахстан.
Шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов, го поздрави лансирањето како значаен настан во билатералната соработка меѓу Русија и Иран што го отвора патот за имплементација на нови заеднички проекти.