Gülşen Topçu
26 Август 2020•Ажурирај: 27 Август 2020
ГАЗА (АА) - Израелски воени авиони извршија воздушни напади врз една позиција на палестинската група на отпорот Хамас во Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелската армија споделена преку профилот на Твитер, се наведува дека воените авиони извршиле напад врз еден тунел кој припаѓа на Хамас како одговор на запаливите балони кои се пуштани од Газа.
Според информациите добиени од палестински извори, израелските воени авиони ги погодиле празните полиња источно од градот Хан Јунус, кој се наоѓа на југот од Газа.
Се истакнува дека при нападот нема загинати и повредени.
Администрацијата на Тел Авив тврди дека палестинските активисти испраќале запаливи змејови и балони кон еврејските населби околу Појасот Газа, кои предизвикуваат пожари.
Израелската армија, која не може да најде решение за запаливите змејови и балони, за кои вели дека доаѓаат од Газа, често изведува воздушни напади во пограничните региони.