Qays Abu Samra,Safiye Karabacak
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
ЕЛ ХАЛИЛ (АА) – Израелските сили во окупираниот Западан Брег срушија два дома на Палестинци, под образложение дека „немале дозвола за градба“, јавува Anadolu Agency (AA).
Координаторот на Комитетот на отпор на народот во Ел Халил, Ратиб ел Џубур, во изјавата за АА истакна дека израелските сили во придружба на булдожери извршиле рација во селото Ел Халаве, кое се наоѓа во јужниот дел на градот.
Џубур изјави дека израелските сили срушиле две куќи кои припаѓаат на палестинското семејство Ебу Арам, бидејќи биле „изградени без дозвола во декларираната C-зона, според Договорот од Осло“.
Џубур, исто така истакна дека двете семејства живееле во куќи изградени пред неколку години, и дека израелските сили заплениле две соларни батерии кои се користеле за производство на енергија.
Според координаторот Џубур, израелските сили, одвреме-навреме вршат упади во палестинските куќи под образложение дека „немале дозвола за градба“, ги рушат со булдожери или пак со бомби ги срамнуваат со земја.
Палестинците нагласуваат дека таа практика на рушење куќи нема никаква правна основа и наведуваат дека тоа е „дел од израелската политика за заплашување“.
Во рамките на вториот Договор од Осло, потпишан помеѓу Палестина и Израел во 1995 година, Западниот Брег е поделен на A, B и C зони. Зоната А која покрива 18 отсто од територијата и административно и безбедносно припаѓа на Палестина, зоната B која покрива 21 отсто од територијата, административно припаѓа на Палестина, безбедносно, пак, е отстапена на Израел. Зоната C, која опфаќа 61 отсто и административно и безбедносно му припаѓа на Израел.