Mehmet Nuri Uçar
14 Мај 2021•Ажурирај: 15 Мај 2021
ГАЗА
Израелските воени авиони повторно го бомбардираа Појасот Газа кој е под блокада, известува Агенција Анадолија (АА).
Израелските воени авиони, кои интензивно го бомбардираа северниот дел на Појасот Газа во раните утрински часови, продолжуваат со бомбардирање на разни региони по двочасовно мирување.
Во последниот напад борбените авиони беа фокусирани кон работилница за железо и неколку точки лоцирани во областа Зејтун во градот Газа.
Министерството за здравство во Газа сè уште нема информации во врска со нападите.
Израелската армија изврши интензивни истовремени напади од копно, воздух и море врз северните делови на блокираниот Појас Газа во раните утрински часови.
Во нападите на Израел врз Појасот Газа од 10 мај досега, животот го загубија 109 лица, од кои 28 деца и 15 жени, а ранети се 621 лице.