Tuğba Altun
25 Ноември 2026•Ажурирано: 25 Ноември 2026
Командантот на Либиската национална армија, маршал Халифа Хафтар, и делегацијата што го придружуваше остварија средби на високо ниво во Анкара, јавува Анадолу.
Според информациите добиени од дипломатски извори, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, началникот на Генералштабот, генерал Селчук Бајрактароглу, и директорот на Националната разузнавачка организација (МИТ), Ибрахим Калин, се сретнале во Анкара со Халифа Хафтар и делегацијата што го придружувала.
На средбата присуствувале и заменик-командантот на Либиската национална армија, генерал Садам Хафтар, началникот на Генералштабот на Либиската национална армија, Халид Хафтар, како и претседателот на Либискиот фонд за развој и обнова, Билкасим Хафтар.