Mohammad Sıo
22 Јануари 2024•Ажурирај: 23 Јануари 2024
РАМАЛА (АА) - Израелската Армија доцна синоќа приведе уште 25 Палестинци на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.
Притворањата беа извршени во неколку области на окупираната територија, вклучувајќи ги Џенин, Тулкарм, Калкилија, Наблус, Рамала, Ал-Кудс/Ерусалим, Хеброн и Ерихон, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестинските затвореници.
Според наводите во соопштението, израелската Армија од 7 октомври привела најмалку 6.195 Палестинци на Западниот Брег.
Тензиите низ Западниот Брег се зголемуваат откако Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври, во која загинаа најмалку 25.295 Палестинци, повеќето жени и деца.