Qays Abu Samra,Daniel Gallego
20 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
ХЕБРОН (AA) - Во текот на протестната прошетка на Западниот брег израелските војници приведоа шест Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Координаторот на младинската заедница против еврејските населби Иса Амр за АА изјави дека протестите ги организирале по повод неколку барања, а еден од нив повторно е отворањето на улицата Ес-Сухеда (Шехиди) кои израелската војска ги затвори уште 2000 година
Исто така, според неговите зборови, со протестите сакаа да го искажат и своето незадоволство поради протерување доколку некој се најде во помен на таа улица, но и поради куќите кои ги заплениле или грабнале еврејските доселеници.
Амр додаде дека израелската војска интервенираше со солзавец како и со звучни бомби и дека приведоа шест Палестинци.