Mohammad Sıo
01 Јули 2024•Ажурирај: 02 Јули 2024
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската армија денес соопшти дека во текот на ноќта извршила воздушни и артилериски напади врз цели на Хезболах во градовите во јужниот дел на Либан, јавува Анадолу.
Во военото соопштение се вели: „Во текот на ноќта, армијата нападна цели на Хезболах во Jужен Либан, вклучително и воени структури во областа Кфаркела и инфраструктура во областите Хула, Ел Бијада и Раб Ел Талатин во Jужен Либан“.
„Артилеријата нападна за да се отстрани заканата во областа Ал-Дахира, во Jужен Либан“, се додава во соопштението.
Засега Хезболах не ја коментираше изјавата на израелската армија.
Тензиите се зголемија по должината на границата на Либан со Израел поради прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив продолжува со својата смртоносна офанзива врз Газа, во која има повеќе од 37.800 жртви од октомври по нападот на палестинската група на отпорот Хамас.